За неколку часа, 80 мигранти пристигнаа на италијанскиот остров Лампедуза.

Патролните чамци во близина на островот прво пресретнале два помали брода со по 25 лица.

Тие биле однесени во центар за прием на мигранти, каде е откриено дека само 15 лица немаат државјанство на ЕУ.

Уште 30 државјани на Тунис утрово пристигнале на плажата во Кала Палма. Тие исто така се пренесени во прифатниот центар каде се сместени околу стотина мигранти, главно од северна Африка.

Како што пренесуваат медиумите, подобрувањето на временските услови ги зголемило „фантомските пристигнувања“ на мали чамци, кои најверојатно соработуваат со поголеми бродови кои шверцуваат мигранти.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/09/2019 13:32