Советот на Европа свечено ја одбележа 70-годишнината од основањето со свечена церемонија во Операта во Стразбур, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Претседателот на ПССЕ Лилијан Мори Паские потсети на потеклото на организацијата, „родена на крајот на две светски војни кои беа застрашувачка човечка и морална трагедија за целото човештво “.

-Како што напишал Вацлав Хавел, има моменти кога треба да се втурнеме длабоко во нашата мизерија за да ја разбереме вистината. Холокаустот беше навистина дното на нашата мизерија, од каде моравме да ја разбереме вистината и да направиме што требаше да се направи. Ние сме денес тука да им оддадеме почит на оние кои ја разбрале вистината и постапиле соодветно “, рече таа.

-Денеска славиме 70 години мир на континентот, мир кој е зачуван со поблиско единство меѓу европските држави и со одбрана на вредностите што сите ги споделуваме: човекови права, демократија и владеење на правото. Да се ​​потсетиме дека по падот на Берлинскиот ѕид, беа истите тие вредности што овозможија да се реинтегрираат сите европски демократии во нашето големо семејство “, рече Лилијан Мори Паскиер.

-Но, над политичката важност и географскиот обем на успехот на Советот на Европа, конкретните резултати од нашата соработка се уште поважни за доброто на граѓаните на Европа, рече таа и потсети на историските достигнувања во областа на човековите права и заштитата на основните слободи, вклучително и укинувањето на смртната казна.

На свеченоста во операта во Стразбур, посветена на годишнината зборуваа и други личности, како францускиот претседател Емануел Макрон, Генерачлната секретарка на Советот Марија Пејчиновиќ Буриќ, Претседателот на Европскиот суд за човекови права Линос-Александр Сицилианос, поранешниот шпански премиер Фелипе Гонзалес, градоначалникот на Стразбур Ролан Рис, генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш или космонаутот Лука Пармитано.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/10/2019 11:26