Јавната истрага за атентатот врз новинарката Дафне Каруана Галиција, неодамна објавена од властите во Малта, „јасно не ги исполнува очекувањата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа“ во сегашнава ситуација, се вели во информацијата на известувачот на ПССЕ Питер Омтзигт (Холандија, ЕНП / ДХ), одобрен од Комисијата за правни прашања, јавува дописникот на МИА.
Во информацијата, Комисијата за правни прашања на ПССЕ ги покани властите на Малта „итно“ да одговорат на низа прашања во врска со мандатот и составот на истрагата.
Во оваа информација, во која се анализира мандатот на истрагата и неговиот состав, Омтзигт изјави дека веќе биле изразени „силни грижи“ за независноста и непристрасноста на трите членови назначени за спроведување на истрагата. Составот на истражната комисија „мора да биде таков што ќе ги растера сите разумни критики за нејзината независност или нејзината реална или очигледна непристрасност“, додаде тој.
Омтзигт исто така изјави дека една од причините за одржување на затворени рочишта се формулирани „нејасно и потенцијално крајно широко“, истакнувајќи дека околностите во кои може да се добие пристап на јавноста до истрагата е ограничен и дека тоа „треба да се специфицира исцрпно и рестриктивно“.
Покрај тоа, семејството на г-ѓа Каруана Галиција треба да има „привилегирана позиција“ во истрагата, со можност за презентирање на процедурални предлози, да учествува во сослушувањето на сведоци и да може да поднесува забелешки.
-Извештајот презентиран од истрагата до Премиерот, се разбира, мора да биде објавен веднаш и во целост. Кредибилитетот и статусот на истрагата дополнително ќе се зајакнат доколку владата на Малта се обврза да реагира навремено на какви било препораки содржани во финалниот извештај “