Манекенот и поранешен порно глумец Сајмон Рекс во интервју изјави дека во минатото се гледал со сегашната сопруга на британскиот принц Хари – војвотката од Сасекс, Меган Маркл.

– Ја бакнав, а таа ме оттурна. Тоа беше многу непријатно. Рече нешто како: „О, боже, си јадел лук!“ Испаднав глупав, па се смеев. Не беше безобразна, ништо налик тоа, беше само искрена, раскажува Рекс.

Потоа Маркл не сакала повторно да се видат, но не само поради лукот, туку највројатно и затоа што тој глумел во филмови за возрасни.

– Можно е да дознала. Има толку прашања на коишто и јас не го знам одговорот. Не знам зошто немаше втора средба, но мислам дека е најмногу поради лукот, рече Сајмон.

Освен во порно филмови, тој глумеше и во серијалот комедии „Страшен филм”. Се пробал и во музичката индустрија.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/10/2019 15:15