Најголем број од државите, дури третина во светот, своето име го добиле по име на некое племе.

Речиси секоја држава на светот своето име го добила по една од овие работи: племе, карактеристики на земјата, географската положба на земјата или некоја поважна личност.

Сепак, најголем број од државите, дури третина од светот, својот назив го добиле по име на некое племе.

Држави кои својот назив го добиле по име на племе

Најголем број на земји во светот се именувани по некоја стара етничка група.

Франција – Според Франците, кои ја освоиле земјата во средниот век.

Швајцарија – По народот Швиц.

Италија – По племето Витала.

Виетнам – По народот Вијет, кој живее на југот на земјата.

Авганистан – Во превод значи „Земја на Авганите“ .

Тајланд – Се однесува на „Таи“ народот, етничка група од централниот регион.

Држави кои своето име го добиле по некоја важна личност

Постојат околу 23 земји именувани според некоја важна личност, помеѓу нив се наоѓа само една жена.

Света Луција – Мала островска земја на Карибите го добила своето име по римокатоличката светица Света Луција од Сиракиза.

Колумбија – По славниот Кристофер Колумбо.

Филипини – Името го дал шпанскиот истражувач Руј Лопез де Вијалобос во чест на шпанскиот крал Филип II.

Саудиска Арабија – По ценетиот војник и аристократ Емир Мухамед бин Сауд, кој се смета за основач на првата Саудиска држава 1774 година.

Сејшели – островот името го добил Етен де Силует, француски министер за финансии од времето на владеењето на Луј XV.

Држави кои добиле назив според карактеристиките на земјите

Околу четвртина од земјите во светот името го добиле на основа на одредени карактеристики.

Алжир – По престолнината Алжир (во превод „остров“), каде што некогаш имало островче во градскиот залив, но кое, во меѓувреме, се споило со континенталниот дел или било уништено при изградбата на пристаништето.

Исланд – Името (ледена земја) го дале норвешки доселеници во деветиот век за да ги спречат посетителите да доаѓаат на островот каде температурата била релативно умерена.

Црна Гора – Според планината Ловчен, односно според густите шуми кои оваа планина ги одгледала.

Барбадос – Наводно името го добил по („брадест“) дрвото банијан кое личи на голема смоква.

Украина – Украина била обележувана како таква до 12 век, а старите Словени ја преведувале како „близу до граница“. Во основа нејзиното име се користело за дефинирање на подрачја од територијата внатре во тогашната Киевска Русија.

Држави кои називот го добиле според географската положба

Околу 25 земји во светот името го добиле според местоположбата.

Австралија – според хипотетичкиот контитент за кој размислувале древните Грци „Terra Australis Incognita“, што значи „Непозната Јужна Земја“.

Кина – Džongguo (кинеско име за Кина) што значи „средно кралство“.

Јапонија – Nipon (назив за Јапонците кои ја сочинуваат популацијата) значи „Земја на изгрејсонцето“. Името укажува на тоа дека Јапонија се наоѓа источно од Кина, односно во правец на изгревањето на Сонцето гледано од Кина.

Норвешка – „Norway“ во превод значи „северен пат“.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2019 02:13