Преголем е бројот и се повеќе се зголемува на луѓе кои почнуваат да се верни на овој начин на исхрана. На дел од нив идејата е да се заштитат животинските видови кои човекот ги конзумира, друг дел сметаат дека тој начин на исхрана е далеку поздрав. Истражувања на Гугл покажале дека пребарувањата за растителна храна се зголемиле дури за 90%, што за одредена популација на луѓе ова станува тренд.

Во голем број ресторани во странство имаат широк спектар на понуди за вегани, компаниите произведуваат почесто таква исхрана поради голема побарувачка. Уживањето во растителна храна не ве прави веган, како што и конзумирањето на месо не ве прави убиец или монструм. Сепак наше е самите да одлучуваме за нашето здравје и начин на живот. Трендот кај секој човек не влијае исто, кај поединци може да придонесе и до последици.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2019 02:14