Советот за безбедност на ОН ќе одржи утре седница зад затворени врати, на која ќе разговара за ситуацијата во Сирија, истакнаа неименувани дипломати, откако Турција денеска започна воена интервенција против курдските борци во североисточниот дел на Сирија.

Расправа на 15-те земји членки на СБ на ОН за ситуацијата во Сирија побараа пет европски членки – Велика Британија, Франција, Германија, Белгија и Полска.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, најавувајќи го денеска почетокот на воената акција, изјави дека таа има за цел да го елиминира „коридорот на теророт“ на јужната граница на Турција.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2019 21:11