Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изрази длабока загриженост околу ситуацијата во североисточниот дел на Сирија, каде денеска започна турска воена интервенција.

Тоа го соопшти заменикот на официјалниот претставник на генералниот секретар, Фархан Хак.

– Генералниот секретар на ОН е сериозно загрижен поради моменталните случувања во североисточниот дел на Сирија. Сите воени операции треба да се спроведуваат согласно уставот на ОН и нормите на меѓународното хуманитарно право и треба да се гарантира безбедноста на граѓаните и цивилната инфраструктура, устакна Хак.

Според него, генералниот секретар Гутереш наглассил дека конфликтот во Сирија не треба да се решава со повеќе воени активности.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2019 21:21