Куќен притвор за потпретседателката на Меѓунаротдниот сојуз Јасна Мандиќ која е осомничена за измама и перење пари во проширената истрага за слаучајот „Рекет“, вечерва определи судија на претходна постапја по предлог на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Адвокатот на Мандиќ, Душко Јанковиќ, вечерва изјави дека барањето на Обвинителството била ефективна мерка притвор, но, како што рече, согласно постоечката состојба и тежината на обвинението како и на лични и семејни прилики, одреден и е куќен притвор. Тој рече дека за нив ова е прифатливо решение, бидејќи како што појасни, во овие постапки се подразбира определување мерка притвор.

Обвинителката Вилма Рускоска по исказот на Мандиќ во Кривичен, кажа дека кај тројца осомничени во проширената истрага е определен налог за претрес. Таа информираше дека има „битни докази“ за обвинението за Рекет, кое утре ќе биде поднесено.

Обвинителката посочи и дека еден од осомночените побарал спогодба за првиот дел од истрагата за кој утре ќе има обвинение.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2019 23:54