Јавната обвинителка Вилма Рускоска по завршувањето на распитот на Јасна Мандиќ, за претеничката Фросина Ременски, рече дека се определени мерки на претпазливост, односно одземање на патна исрпава, забрана за напуштање на престојувалиштето и еднаш неделно да се јавува во судот.

На прашање како излегке документите од Обвинителството, таа рече одговорно тврди дека документите не се излезени од Обвинителстовто, затоа што се гледало на снимките дека се сликани копии.

-Во Обвинителстовто се оригиналните документи. Копии Обвинителтвото достави до Судот на 15 јули кога се бараше предлог за притвор на двајца осомничени, потоа дел од докази кога се бараше продолжување, како и дел од доказите кога се бараше определување на мерка притвор за јавен обвинител. И може убаво да се види дека тие документи што излегоа се од копии.Така да одговорно тврдам дека не се излезени од ЈО, рече Русковска.

Во однсо на притворените за случајот Рекет, обвинителката рече дека заедно со обвинението утре ќе побара продолжување на притворите.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2019 23:57