Вознемирен елен направи хаос во фризерски салон во Њујорк откако некотролирано влезе во салонот кршејќи ги прозорите.

Безбедносните камери поставени во фризерскиот салон го снимија целиот инцидент а на видеото може да се види како оддеднаш еленот влетува во салонот, почнува да трча низ салонот паралелно предизвикувајќи паника кај вработените и кај клиентите во фризерското студио.

По инцидентот Њујоршката полиција информираше дека еден од пристуните се здобил со повреди на ногата и главата по што бил хоспитализиран во локалните болници.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/10/2019 12:13