Холивудскиот глумец Алек Болдвин (61) и неговата сопруга Хиларија ќе станат родители по петти пат. А, во видеото што го објавија на Инстаграм, тие го соопштија и полот на детето.

Така, нивните четири деца, Кармен (6), Рафаел (4), Леонардо (3) и Ромео (1) ќе добијат сестричка.

Алек и Хиларија се венчаа 2012 година. Пред пет месеци, тие објавија дека Хиларија имала спонтан абортус, но пред околу еден месец се појави и веста дека повторно чекаат принова.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/10/2019 13:57