Интересен и уникатен проект, составен од неколку поврзани песни и видеа, летово најавија момците од „Либеро бенд“. Истиот стартуваше со „1001“, песна која заедно со уникатен спот беше промовирана пред публиката во Јули месец и според бројот на прегледи досега, навистина успеа да се етаблира како вистински летен хит.

Готов е и најновиот проект на момците од бендот. Насловот на песната која својата промоција ќе ја има утре, среда, во 18:00 часот на нивниот официјален канал на „YouTube“ е „Ќе те сакам“, а видеото повторно го сработи Даниел Јовевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/10/2019 23:50