Напаѓачот на Салцбург, Ерлен Холан беше првиот играч кој постигна шест гола на првите три натпревари во Лигата на шампионите.

Деветнаесет годишниот Норвежанец беше двоен стрелец синоќа во поразот од Наполи (2:3) на домашен терен.

Оваа сезона, Холан има одиграно 12 натпревари за Салцбург, во кои постигна 18 голови и направи пет асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/10/2019 10:41