Јапонската полиција трага по дијамант од 50 карати, вреден 1,6 милиони евра, кој бил украден во Токио, при изложба на накит.

– Украдениот дијамант се проценува на 200 милиони јени. Сметаме дека е земен од витрината каде што бил изложен, изјави претставник на полициските власти.

Како што јавуваат јапонските медиуми, кражбата во изложбениот центар „Пацифико” во Јокохама, предградие на Токио, при крајот на изложбениот ден ја забележал вработен. Витрината, притоа, не била затворена, а еден час порано, дијамантот уште бил во неа.

Извештаите говорат дека други предмети не се украдени.

Дијамантот што бил украден, бил во сопственост на локална фирма.

И покрај кражбата, изложбата не е прекината, а таа се затвора денеска.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2019 14:36