Португалската социјалистичка влада денеска положи заклетва за втор четиригодишен мандат, а Антонио Коста ја задржува премиерската функција.

Министер за финансии останува Марио Сентено, а ресорот надворешни работи го задржува Аугусто Сантош Силва.

Ново – старата влада, која ќе ја сочинуваат 11 мажи и осум жени – постави четири приоритети – климатските промени, стареењето на нацијата, еднаквоста и дигиталниот развој.

Социјалистичката партија на парламентарните избори одржани на почетокот на овој месец доби најмногу гласови, но не и апсолутно мнозинство во парламентот.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2019 17:00