Британскиот научник Мајкл Дарби именуваше новооткриен вид инсект по младата шведска активистка за клима Грета Тунберг, пренесува Би-Би-Си.
Neloptodes greta е инсект помал од милиметар, нема крилја ни очи, но има два долги рога како антени, а научникот објасни дека го избрал името затоа што бил „неизмерно импресиониран“ од еколошката кампања на шведската тинејџерка.
Научникот вели дека на овој начин „сакал да оддаде признае за извонредниот придонес на Грета во подигањето на свеста за еколошките проблеми“.