Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека убиството на лидерот на ИД Абу Бакр ел Багдади дека е важен момент во борбата против тероризмот, но дека битката против злото на Исламската држава не е готова.

Во објавата на Твитер, Џонсон посочи дека Велика Британија ќе продолжи да соработува со коалициските партнери за засекогаш да се стави крај на убиствата и варварските активности на ИД.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/10/2019 09:56