Водачите на исламскиот екстремист Хамас, кои владеат во Појасот Газа, објавија дека се подготвени да се одржат палестински избори.

– Тоа е потенцијално значаен чекор што може да помогне да се надмине 12-годишниот јаз со ривалската палестинска управа, изјави лидерот на Хамас, Исмаил Ханија по состанокот со лидерот на палестинската Централна изборна комисија, Хан Насер.

Меѓутоа, нема навестување дека на состанокот се надминати пречките што претходно ги нарушувале сличните ветувања.

Хамас победи на парламентарните избори во 2006 година, а следната година организацијата насилно ја презеде контролата врз Појасот Газа од силите лојални на Фатах на палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Сите досегашни обиди за помирување и одржување нови избори пропаднаа и палестинците имаат две влади, една во Газа, а другата на Западниот брег.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/10/2019 20:48