Властите во седум европски земји разоткрија меѓународна организирана криминална група вклучена во нелегална трговија со цигари, соопшти денеска Европол.

Како што се наведува во соопштението, уапсени се 18 лица од различни националности, осомничени за перење пари, нелегална трговија и складирање на околу 670.000 килограми тутун.

Европол наведува дека биле спроведени 29 истраги во Италија, Полска, Белгија, Велика Британија и Холандија и дека романските и кипарските власти активно учествувале во операцијата.

Акцијата беше поддржана од Европската агенција за судска соработка Евроџаст, Европол и Европската канцеларија за борба против измама (ОЛАФ).



Автор: Администратор
Објавено на: 28/10/2019 20:59