САД сакаат да ја зајакнат коалицијата која се бори против т.н. Исламска држава (ИД) во североисточна Сирија, изјави неименуван висок функционер од Стејт департментот.

По убиството на лидерот на ИД Абу Бакр ел Багдади, неименуваниот функционер изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп, кој на 6 октомври најави повлекување на американските сили од северна Сирија, со тоа не наговести дека Вашингтон се откажува од борбата против терористичката организација.

– Никогаш не беше идеја да се напушти мисијата за гонење на ИД … Тоа е огромен напор кој продолжува, изјави тој.

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата објави дека Ел Багдади е убиен за време на рацијата на американската армија во северна Сирија, откако се разнесе со експлозив во тунел.

Трамп информира дека 15 минути по смртта на Багдади, бил извршен ДНК тест со кој било потврдено дека тоа навистина е тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/10/2019 10:44