Најмалку 20 војници загинаа во напад кој Талибанците го извршија во текот на ноќта во северната авганистанска провинција Јавџан, соопштија денеска локалните власти.

Најмалку двајца други војници исчезнале по напад врз воена база во областа Ачах во покраината, соопштија членот на Парламентот што ја претставува провинцијата, Мохамед Карим Јавџани и членот на провинцискиот совет, Абдул Хаи Хајат.

Во текот на изминатите месеци безбедносната состојба во покраината што граничи со Туркменистан е влошена.

Властите тврдат дека Талибанците се уште се присутни во сите области во Јавџан, освен во главниот град на провинцијата.

Само во изминатите четири месеци, Талибанците презедоа контрола врз две области, прво го презедоа Куштепа во јули, а пред три недели го зазедоа и округот Дарзаб.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/10/2019 11:39