Ѕвездата на „Натприродно“ (Supernatural), Џеред Падалеки е уапсен по тепачка што се случила во неговиот бар во Остин, Тексас, САД.

Според полициските извештаи, тоа се случило вчера во 2:00 часот по полноќ, по локално време. Глумецот е притворен поради напад и нанесување телесни повреди.

Падалеки, кој е најпознат по улогата на Сем во хит-серијата „Натприродно“, инаку е и роден Тексашанец, од градот Сан Антонио.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/10/2019 11:41