Словачкиот парламент донесе закон со кој се продолжува забраната за објавување истражувања на јавното мислење пред изборите од 14 на 50 дена. Забраната ќе важи и за општите избори, закажани за четири месеци.

Одлуката на владејачката партија СМЕР пред изборите предизвика критики од опозицијата, но и политичките експерти кои во тоа гледаат обид да се замолчат новите партии во Словачка.

„Веруваме дека овој закон нема да го ограничи на бирачите правото на простап до информации, бидејќи е дизајниран токму за заштита на гласачите од дезинформации и наменски информации“, се посочува во образложението на законот.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/10/2019 12:24