На натпреварот „Мис 50 плус“ во Германија, победи Татјана Јунгер од покраината Долна Саксонија. Таа е, инаку, физиотерапевтка и мајка на две деца.

Финалето на натпреварувањето се одржа во градот Харзевинкл во Северна Рајна-Вестфалија. На него учествуваа 20 дами на возраст од 50 до 69 години.

Учесничките имале задача да излезат на сцената во бизнис-костум и вечерна тоалета.

На второ и трето место завршиле Венке Оланд и Пеги Бајзерт, и двете жителки на покраината Баден-Виртемберг.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/10/2019 13:12