Претседателот на каталонската Влада Квим Тора ги повика шпанските власти да дозволат референдум за независност на тој регион од Шпанија.

– Подготвени сме да седнеме на преговарачка маса без предуслови, изјави Тора во интервју за ТАСС.

Тој истакна дека каталонската влада ќе се заложи за референдум за независност, кој би бил договорен со шпанската Влада.

– Секогаш поддржувам дијалог, ненасилство и право на самоопределување, потенцираше Тора. Тој истакна дека веќе пет дена се обидува телефонски да разговара со привремениот шпански премиер Педро Санчез, но безуспешно.

– Според наше мислење, тоа не е ништо друго освен неодговорно однесување на Шпанија, која мора да ја слушне Каталонија, оцени Тора, дополнувајќи дека не станува збор за „каталонска, туку шпанска криза“.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/10/2019 14:13