Во Египет кондуктeр принудил двајца сиромашни улични продавачи да излезат од воз што бил во движење, оти немале билети. Тоа довело до смрт на еден од исфрлените.

Другото момче кое било принудено да излезе од возот, е повредено.

Кондуктeрот е уапсен.

Немилиот настан се случил вчера во градот Танта во делтата на Нил. Видеото од настанот предизвика бурни реакции на јавноста. На интернет се појавија и повици за оставка на египетскиот министер за транспорт.

Надлежните за железничкиот сообраќај соопштија дека кондуктeрот побарал од момчињата да си платат билети, тие одбиле, по што одговорниот ја отворил вратата од вагонот и ги принудил да излезат.

Кондуктeрот ќе остане в притвор до крајот на истрагата.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/10/2019 14:49