Засилените активности на НАТО долж границите на Заедницата на независни држави (ЗНД) предивикуваат особено загриженост, изјави денеска извршниот секретар на ЗНД, Сергеј Лебедев, на состанокот на Советот на министри за одбрана од ЗДН воБаку, престолнината на Азербејџан.

-Разместувањето на објектите на воената инфратруктура на НАТО и засилената активност на Алијансата долж западните граници на ЗНД предизвикуваат особено загриженост, рече Лебедев, а пренесе Тасс.

Извршниот секретар на ЗНД истакна дека „ и натаму има многу висок потенцијал за судири во меѓународните односи“.

Лебедев, истовремено, нагласи дека членките на ЗНД посебно внимание и посветиле на соработката на владините агенции за националата безбедност.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/10/2019 13:44