Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја треба да располага со државна стратегија „за реинтеграција на Донбас и Крим“ и денеска ги опиша нејзините четири составни делови, пренесе Тасс.

-По пет години војна најпосле треба да се појави државна стратегија за реинтеграцијата на Донбас и Крим. Нејзините составни делови денеска ќе ви ги претставам, рече украинскиот претседател на „Форум за единството“, што се оддржа во градот Мариупол, пренесе БТА.

-Првиот дел е транспарентност и јавност. Државата треба не само да ги појаснува своите чекори што ги прави, туку таа треба да ги најде правилните начини, заедно со општеството, да го означи почетокот на големиот национален дијалог. Тоа всушност и е целта на овој форум“, изјави Зеленски. Вториот составен дел од стратегијата, според него, е консензусот во украинското општество, кое „треба меѓусебно да се договори, затоа што во земјата има апсолутно различни погледи за враќањето на Крим и Донбас. Повеќето луѓе се убедени дека тие треба да се вратат во Украина. Но, како точно? Тука, во тој дел, општеството е поделено“, истакна Зеленски. Третиот составен дел, според него, треба да стане реализмот. Според неговите зборови, погрешно е да се смета дека Киев „ќе си го врати Крим со воена сила“ и „уште утре” сите во Донбас ќе зборуваат на украински јазик.

Како четврт составен дел на новата стратегија шефот на државата ја посочи способноста на државата да ја применува во пракса.

Зеленски подвлече дека таквата стратегија е „животно неопходна” за Украина да опстои како земја и за да има заеднички одговор на различните предизвици, додаде Тасс.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/10/2019 13:55