Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека парламентот на неговата земја ќе одговори на резолуцијата за геноцидот врз Ерменците на американскиот Претставнички дом на Конгресот, како и на предлогот за вовдување санкции кон Турција.

-Турција не ја признава резолуцијата, која за Анкара нема никаква вредност, рече Ердоган, пренесоа британските медиуми.

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои резолуција со која официјално се признава дека масовното убиство на Ерменците пред повеќе од еден век, што било сторено во Османлиското царство, било геноцид, што Турција остро го осуди.

Усвоена е и резолуција со која претседателот Доналд Трамп се повикува да воведе санкции и други рестрикции кон Турција и турските официјални претставници заради воената офанзива на северот од Сирија.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/10/2019 14:27