Денес во хотел Ибис во Скопје, се одржа официјална промоција каде беа презентирани можностите на Unity game engine-от. Настанот беше организиран од страна на Семос Едукација кој е единствен официјaлен тренинг партнер на Unity за Македонија и регионот со што станаа и првиот овластен тренинг партнер.

На оваа промоција под името Unity For All присуствуваа голем број членови на гејминг индустријата и бизнис заедницата кои се запознаа одблиску со можностите кои ги нуди Unity, а имаа можност да ги доживеат и AR (Augmented Reality) и VR (Virtual Reality) искуствата.

Unity е креатор на најкористената 3D креативна платформа во реално време, со моќно и богато интерактивно искуство во 2D, 3D, VR и AR. Повеќе од 60% од светските AR/VR содржини се изработени со Unity.

Според Мирослав Клампфер, Раководител на Unity тренинг одделот во Семос Едукација, оваа технологија е една од најкористените во целиот свет.

“Unity game engine-от има широка примена во многу индустрии а највеќе се користи во гејминг индустријата. Со Unity се изработуваат игри, апликации и мултимедијални содржини. Повеќе од 3 милијарди уреди го користат Unity со што се докажува неговата достапност и флексибилност. Гејминг индустријата како дел од ИТ секторот претставува вистински предизвик за секој, а сега секој од вас има можност да научи да ја користи оваа вештина која е навистина барана во светот”. - изјави Мирослав Клампфер, раководител на Unity одделот во Семос Едукација.

Unity технологиите имаат голема побарувачка и доживуваат 35% стапка на пораст предвидени во следните 2 години според податоците на Burning Glass Job. Unity developer е седма најбарана вештина според LinkedIn. Unity исто така се користи и во музичката, филмска и автомобилска индустрија, конструкција, архитектура, инженерство итн.

Игри како Angry Birds, Assasins Creed, Inside, Dungeons, Life is strange: Before the Storms, VR Chat се направени во Unity. Она што е интересно да се истакне е дека повеќе од 50% од игрите на мобилните телефони се направени на овој софтвер, а дури 60% од AR и VR искуствата во светот се направени во Unity.

Доколку сте креатор со амбиции да започнете да работите во 3D, VR, gaming или во некои други области за интерактивен развој во реално време, Unity е вистинскиот избор за Вас.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/10/2019 15:43