Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави денеска дека Алијансата поддржува повлекување на украинските и проруските сили од источна Украина, и истовремено ја повика Москва да се придржува до Договорот од Минск.

Украинските и проруските сили вчера почнаа да се повлекуваат од Золота, град во источна Украина.

Обете страни се согласија на повлекување на војниците, но во минатото таквата активност беше попречувана со кршење на примирјето.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/10/2019 15:47