Пет лица, меѓу кои три деца, помали од пет години, загинаа во пожар што зафати приватна куќа во Ленинградскиот регион, соопштија руските власти.

Главната дирекција за Ленинградскиот регион при Министерството за вонредни состојби соопшти дека остатоците на местото на пожарот се расчистени и дека истрагата е во тек.

Причините за пожарот сè уште не се познати.

Според Министерството за вонредни состојби, рано утрово е примен извештај за пожарот, кој зафатил 30 метри квадратни.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/10/2019 21:37