По долгогодишната успешна кариера глумeцот Бил Мареј посака да си ја промени професијата, па се пријави за каква било работа во ресторан на аеродром.

Тој тоа го откри во емисијата „3 Грлс 1 Кит” на комичарката Ејми Шумер, каде што гостуваше. Притоа, глумецот рече дека верува дека има афинитети за работа во ресторанот за азиска храна на аеродромот во Атланта, Џорџија, САД.

– Ја пополнив пријавата зашто сметам дека тоа е едно од најдобрите места за јадење, нагласи Бил.

На прашањето на Ејми – што би работел таму, тој одговори – „што било, што и да е“.

Кусо потоа, ресторанот „П.Ф. Ченг“ на Твитер објави: „Бил, ја доби работата. Кога можеш да почнеш?“

– Ова е најдобро време за оваа промена, прокоментира глумецот.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2019 14:25