Лидерот во Премиер лигата, тимот на Ливерпул, како и второпласираниот и актуелен шампион Манчестер сити забележаа победи со резултатски пресврт во денешните нивни средби од 11. коло.

Ливерпул беше поуспешен на гостувањето кај Астон вила, а победничкиот погодок го постигна Садио Мане во четвртата минута од судиското надополнување. Претходно, домаќините поведоа преку Трезеге во 21. минута, изедначи Робертсон во 87-та.

И Манчестер сити до бодовите на дуелот со Саутемптон стигна со гол во последните минути.

Резултати на саботните средби од 11. коло во Премиер лигата:

Борнмут – Манчестер јунајтед 1:0

Арсенал – Вулвс 1:1

Астон вила – Ливерпул 1:2

Брајтон – Норвич 2:0

Манчестер сити – Саутемптон 2:1

Шефилд јунајтед – Барнли 3:0

Вест хем – Њукасл 2:3.

Вечерва играат Вотфорд и Челзи.

Води Ливерпул со 31 бод, пред Манчестер сити со 25, Челзи со 20 и натпревар помалку, Лестер 20, Арсенал има 17 бода



Автор: Администратор
Објавено на: 03/11/2019 01:19