Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане беше задоволен од победата над Астон Вила (2:1) на натпреварот во првенството во Англија.

Ливерпул денеска до 87. минута губеше со 1:0, но извлече победа, а Мане го постигна победничкиот гол во 90+4 минута.

Денеска не беше нашата најдобра игра, но заслуживме три бода. Имав дури и малку среќа што топката влезе во голот. Астон вила ни создаде проблеми. Ова најдобрата лига на светот, па секој натпревар тука е комплексен, секоја натпревар може да има ваков тек, изјави Мане. Ливерпул е прв на табелата со 31 бод, шест повеќе од Манчестер сити.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/11/2019 01:40