Саудиска Арабија денеска официјално објави излегување на берза на државниот нафтен гигант Сауди Арамко.

Главната управа за за капитални пазари на Саудиска Арабија објави на својата веб-страница објави дека почетната јавна понуда започнува.

Управата издаде резолуција со која се одобрува барањето на „Сауди Аребијан Оил Ко“ да се регистрира и понуди дел од своите акции. Датумот на иницијалната јавна понуда не е наведен.

Саудискиот престолонаследник принцот Мохамед бин Салман врши притисок компанијата да излезе на берза уште од 2016 година, но тој потег беше одлаган неколку пати.

Кралството се надева дека вредноста на фирмата ќе биде проценета на 2.000 милијарди долари за да може да собере околу 100 милијарди американски долари во развојни програми. Сепак, аналитичари не се сигурни дека ќе се процени на оваа сума и веруваат дека проценката би можела да биде помала.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/11/2019 11:21