Извршниот директор на Интер, Џузепе Марота ги отфрли шпекулациите дека Лаутаро Мартинез може да се упати кон Барселона. 22-годишниот Аргентинец е во одлична форма од почетокот на сезоната со 5 гола во Серија „А“ и 2 во Лигата на шампионите, еден против Каталонците, за кои се вели дека се заинтересирани за играчот.

– Интер е многу силен тим кој многу ретко ги продава своите најдобри играчи. Ние сакаме да продолжиме по овој пат, дури и ако има ситуации со кои треба да се справиме. Ова е дел од нашата работа. Започнавме нов циклус на развој, во кој очекуваме постепен раст, изјави Марота пред новинарите пред вчерашниот натпревар во Болоња.

„Нероазурите“ победија со 2-1 со два гола на Ромелу Лукаку.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/11/2019 15:13