Сега веќе поранешниот тренер Баерн, Нико Ковач, се произнесе за прекинот на соработката со клубот од Минхен.
– Мислам дека ова е вистинската одлука за клубот во моментот. Резултатите, како и последниот натпревар, ме натераа да ја донесам оваа одлука. На Баерн му посакувам најдобро во иднина. Тука поминав година и пол и за тоа време го освоивме првенството, купот и Супер купот на земјата. Беше добро време, вели Ковач во изјавата за клупската веб-страница.
Тој ја напушта тренерската функција по вчерашниот пораз од Ајнтрахт со 5:1.