На 20 ноември, Арбитражниот суд за спорт во Лозана (КАС) ќе ја разгледува жалбата на Челси, пренесува „Скај спортс“. Клубот од Лондон ја оспорува забраната за регистрација на нови играчи.

„Сините“ добија забрана за ангажирање на нови играчи за период од една година заради кршење на правилата за потпишување на млади фудбалери. Конкретно, клубот беше обвинет за влијанието на трети страни врз играчите, што е забрането со прописите.

Исто така, англискиот клуб е казнет со 470 илјади фунти.

Во Челзи очекуваат позитивна судска пресуда и се надеваат дека ќе може да се стекнат со нови играчи веќе во зимскиот преоден рок.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/11/2019 16:57