Шпанскиот фудбалски прволигаш, Селта од Виго, официјално го назначи Оскар Гарсија за нов тренер на тимот.
Оскар кој има 46 години, има работено во младинските категории на Барселона, како и во Макаби. Брајтон, Вотфорд, Салцбург, Сент Етјен и Олимпијакос, а беше и селектор на шпанската покраина Каталонија. Тој на клупата на Селта го наследува Фран Ескриба кој доби отказ по поразот дома од Хетафе.
Дебито на клупата на Селта, Оскар ќе ја има најтешката можна задача, в сабота вечер против Барселона и тоа на „Камп Ноу“. Но, после тоа играат дома со Валјадолид и во клубот веруваат дека тој е правилниот човек кој одговара на барањата и форсирањето на игра која кореспондира со типот на играчи кои ги има Селта. Тимот од Виго по 11 кола има само 9 бода.