Северна Кореја соопшти дека американското препознавање на Пјонгјанг како покровител на тероризмот ги намалува изгледите за нуклеарната дипломатија помеѓу тие земји.

Соопштението е во момент кога Пјонгјанг ги зголемува притисокот врз САД поради застој во нуклеарните преговори.

Северна Кореја минатата недела тестираше проектили од новоразвиениот „супер-голем“ повеќекратен ракетен фрлач, што беше прво тестирање во земјата во последниот месец дена.

Министерството за надворешни работи на Северна Кореја соопшти дека црната листа на тероризмот на Стејт департментот објавена минатата недела повторно докажува дека САД продолжуваат со „непријателската политика“ и „навредливата одбивност“ кон Пјонгјанг.

– Ова е навреда и перфидност кон партнерот за дијалог. Каналот за дијалог со САД се повеќе се стеснува поради американскиот став, се наведува во соопштението.

Северна Кореја веќе две децении е на црната листа на тероризам бидејќи нејзини агенти се обвинети за бомбашки напад врз јужнокорејска авиокомпанија во 1987 година, при што загинаа 115 лица.

Пјонгјанг и Вашингтон минатата година почнаа дипломатски разговори за ставање крај на развојот на нуклеарното вооружување на Северна Кореја, но преговорите се во застој поради американските санкции.

Се очекува разговорите помеѓу САД и Северна Кореја да продолжат на почетокот од декември.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/11/2019 14:44