Новата романска Влада ќе го предложи европскиот пратеник Зигфирд Мурешан за свој комесар во Европската комисија, соопштија денеска официјални претставници на владечаката Национално-либерална партија.

-Писмото до Брисел ќе биде испратено подоцна во текот на денот или утре рано наутро, изјави висок претставник на партијата кој е запознаен со процесот на номинација, додека уште еден висок партиски функционер за британските медиуми потврди дека во партијата е договорено Мурешан да биде нивниот предлог за нов еврокомесар.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/11/2019 15:57