Рускиот претседател Владимир Путин изрази загриженост поради тоа што русофобите во некои земји, како што рече, му објавиле војна на рускиот јазик, барајќи да се намалат неговата застапеност во светот и да го истиснат на периферија.
– Деновиве сме соочени со обиди за вештачко, неодлучно и неселективно намалување на просторот за рускиот јазик ширум светот и негово истиснување на периферија, изјави Путин на денешниот состанок на Советот за руски јазик.
Тој додаде и дека е општо познато оти разни маргинализирани лица и агресивни националисти исто така се доста активни во тој поглед.
– За жал, во некои земји тоа станува официјална политика, рече Путин.