Некогашниот претседател на шведскиот фудбалски клуб Остерсунд, Даниел Киндберг, е прогласен за виновен за корупција и финансиски криминал, па беше осуден на три години затвор.

Киндберг во клупската каса уфрлал многу пари од даночните обврзници, а во криминалната шема учествувале и уште две лица, и три компании. Во едната компанија, стамбена корпорација во општината Остерсунд, Киндберг бил извршен директор.

Додека Киндберг беше претседател на клубот, Остерсунд од аматерски клуб во 2011 година, за четири години го претвори во прволигаш, а во 2017 клубот го освои Купот на Шведска, и играше во Лига Европа, каде стигна до нокаут фазата, пред да биде елиминиран од Арсенал.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/11/2019 23:35