Приказната за Амбрела започна пред 1 година, на 7-ми Ноември 2018 година и беше проследена со голема новина и социјална компонента – беа вработени 10 лица со попреченост.
Амбрела е доказ дека на едно место може да се собере многу позитивна енергија, пријатели и гости на кои изминатата година овој ресторан, препознатлив по уникатниот стил, одличното кафе и безусловната љубов, им беше омилено свратилиште.
Овие три дена ќе бидеме домаќини на забава која не смее да се пропушти.
За забавата во четврток ќе се погрижат План Г, во петок ќе готвиме заедно со IT Labs после работа и ќе се забавуваме со Bandix, а во сабота ќе имаме одлично Блуз дружење во рамки на вториот "Backyard Session" со Венко Серафимов и Љубиша Јовановски.
Во оваа прилика сакаме да ја истакнеме соработката на ресторанот Umbrella, со IT Labs која е долгорочна и континуирана.
Започнувајќи од компаниската новогодишна ИТ Лабс забава која со големо задоволство IT Labs ја организираше токму кај во Амбрела, преку организирање на заеднички кафе паузи со цел да се дружат со вработените но, и да помогнеме во мисијата на Umbrella активно да ги вклучува лицата со посебни потреби во општеството, преку нивно економско зајакнување.
Фросина Денкова Зафировска, менаџер за човечки ресурси во It Labs, изјавува дека во моментов, со голема радост, тимот на It Labs се вклучува во роденденската забава, каде заеднички вработените од ИТ Лабс и вработените на ресторанот ќе приготвуваат оброци за бездомни лица. Покрај тоа, се разбира дека ќе се дружиме и забавуваме заедно.
ИТ Лабс како општествено одговорна компанија, а пред се вработените кои се дел од компанијата, во континуитет земаат учество во активности кои имаат за цел унапредување на општествената и социјалната сфера, зачувување на животната средина, како и соработка со и грижа за различни вулнерабилни групи. Нашата идеја да промовираме општествено одговорни практики е единствена по тоа што секоја од акциите вработените самостојно ја предлагаат, а потоа и проактивно се вклучуваат во реализација на истата.Оттука, нашата цел не е само да помогнеме туку и да се вклучиме. Резултатите, но и задоволството се многу поголеми кога наместо да подариме храна ние готвиме заедно со лицата кои се крајни корисници или пак заеднички со лицата за посебни потреби, наместо да го исчистиме дворот во некоја институција ние тимски работиме и се дружиме со лицата сместени во институцијата. Нашата идеја е да бидеме пример пред сè за нашите семејства, потоа за останатите компаниии но и воопшто пример за заедницата, промовирајќи вредности кои нè отсликуваат не само на работното место туку и надвор од него.
Ова нека биде еден апел и повик до сите општествено одговорни компании да го поддржат овој концепт и да направат многу лица среќни.