Демонстрантите во Либан протестираат денеска пред државните институции и министерствата во обид да продолжат да вршат притисок да се формира влада што ќе се справи со економската криза во земјата.

Десетици луѓе се собраа пред министерствата за правда, образование и други ресори, како и пред државна компанија за дистрибуција на електрична енергија и даноќната служба.

За време на третата недела на протестите, демонстрантите почнаа со употреба на нови тактики, опколувајќи ги државните институции за да ја нарушат нивната работа.

Тие ги обвинуваат властите дека се двоумеле за формирање нова влада, откако премиерот Саад Харири поднесе оставка на 29 октомври.

Демонстрантите вчера решија да го сменат фокусот на протестите и да ги отворат големите патишта за да го олеснат сообраќајот и да им овозможат на луѓето да се вратат на работа.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2019 15:35