Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави оти Иран првпат ја навести намерата да се откаже од Мултилатералниот договор за иранската нуклеарна програма (ЈЦПОА) и почна да вбризгува ураниумски гас во центрифугите во својата подземна нуклеарна постројка Фродо.

– Мислам дека Иран првпат одлучи на експлицитен и отворен начин да се повлече од ЈЦПОА, што значи голема промена, посочи Макрон.

Претходно, иранската државна телевизија објави дека почна вбризгувањето на ураниумски гас во центрифугите во својата подземна нуклеарна постројка Фродо.

– Тоа е четврти чекор на Техеран за намалување на почитувањето на обврските од нуклеарниот договор потпишан со светските сили во 2015 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2019 17:40