Претседателот на Турција Реџеп тајип Ердоган соопшти денеска дека припадници на турските безбедносни сили ја уапсиле сопругата на покојниот лидер на терористичката Исламска држава Абу Бакр ал Багдади.

– Америка објави дека Ал Багдади се убил во тунел и веднаш почна медиумска кампања, а јас сега првпат кажувам дека ние ја заробивме неговата сопруга и од тоа не направивме спектакл, истакна Ердоган.

Тој потсети дека припадници на турската војска претходно ги уапсиле и сестрата на Ал Багдади, нејзиниот сопруг и ќерка.

Американскиот претседател Доналд Трамп на 27 октомври соопшти дека Ал Багдади го активирал елекот со експлозив кој го имал на себе во момент кога американската војска го лоцираше и го опколи во тунелите под неговото засолниште.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2019 18:07