Израелскиот премиер во заминување Бенјамин Нетанјаху откако Техеран најави ново кршење на мултилатералниот договор за иранската нуклеарна програма истална дела Израел никогаш нема да му дозволи на Иран да се стекне со нуклеарно оружје.

Како што јави Израелската новинска агенција (ТПС), Нетанјаху наведе дека Израел ќе го спречи Иран во неговите нуклеарни амбиции поради „иднината на Блиски Исток и на светот“.

– Никогаш нема да дозволиме Иран да развива нуклеарно оружје. Ова не е само за нашата безбедност и нашата иднина, тоа е за иднината на Блискиот исток и светот, посочи Нетанјаху.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2019 18:08